Патуваме во Европа
  

 

Вести

Влегоа во Европа, но се вратија во Македонија

Претставниците на најдобрите студенти од Македонија, по едномесечен престој во Европа се вратија назад во Македонија. Тие сега се наоѓаат пред предизвик да допринесат кон подигање на јавната свет за тоа колку е важно сите граѓани на РМ да ги почитуваат и негуваат демократските вредности.


Соопштение за медиуми (PDF)

Фотогалерија

“Не радува фактот што студентите се задоволни од патувањето и што се вратија дома побогати за нови искуства“- истакна Дарко Алексов, извршен директор на МОСТ и додаде: “Целта на овој проект беше преку патување, дел од најдобрите студенти во Македонија, да ја запознаат Европа, демократијата, културата и навиките и да ја претстават својата земја. Со задоволство може да кажеме дека оваа цел е остварена“.

Дневниците што со себе ги понесоа студентите, како што кажаа тие, се исполнети со настани, случувања и места за кои ќе вреди долго да се прераскажува. Воочиле многу различности, но и сличности, со состојбата кај нас и спремни се да придонесат кон подобрување на нештата во насока на доближување кон големото семејство.

“Демократските вредности треба да се негуваат и практикуваат. Размената на искуствата и директниот контакт се најдобар начин да се осознаат нештата. Останува предизвикот истите да се споделат“- додаваат дел од студентите.

Дополнителна вредност на проектот е што допринесе за позитивно претставување на земјава на обичните граѓани на ЕУ. Секој студент дистрибуираше по 250 брошури во кои беа претставени значајни настани и споменици од Македонија.

Со помош на донаторите и спонзорите на проектот, МОСТ на студентите за времетраење од 1 месец, им обезбеди Inter Rail карта, за неограничено патување со воз, бесплатна Шенген виза издадена од Германската амбасада, осигурување од Табак осигурување, ISIC картичка од Аурора турс и дел од потребните средства на платежна картичка од НЛБ Тутунска банка. Сите информации за проектот и слики од патувањето достапни се на www.patvoevropa.org.mk, страница која бесплатно е хостирана од ОН нет.

Скопје – Белград – Виена

Патувањето започна! Од Скопје стигнавме во Белград, каде ни се придружија и колегите од Србија и Црна Гора. Првата европска дестинација е Виена, таму не пречека Амбасадорот на Р Македонија во Виена, Д-р Весна Борозан, која не поздрави и ни посака пријатен пат. Тргнуваме на патување низ Европа, нашите импресии и фотографии можете да ги погледнете во фотогалеријата, а патот до Виена можете да го проследите во продолжение.

 

Скопје - Белград - Виена

   
       

Студентите влегоа во Европа

Претставниците од најдобрите студенти во Македонија, во рамките на проектот Патуваме во Европа, пристигнаа на својата прва дестинација, Виена. Своето патување го започнаа од Скопје, до Белград, каде им се придружија и колегите од Србија и Црна Гора, и на 16 јули пристигнаа во Виена. Ова е првата нивна европска дестинација, по што секој ќе ги продолжи патувањето.

„Ова е прво наше патување во некоја европска метропола и очекуваме многу забава и нови искуства“- видно возбудени, коментираа студентите.

„Се надеваме дека промовирајќи ја нашата земја, преку брошурите кои ќе ги делиме, ќе бидеме вистински амбасадори на Македонија“- додаваа тие.

Студентите се сретнаа со Амбасадорот на Р Македонија во Виена, Д-р Весна Борозан, која ги поздрави и им посака пријатен пат.

Студентите, кои беа одбрани на јавен конкурс, во наредниот месец ќе патуваат низ Европа и ќе се запознаваат со европските вредности, навики и култури и своите искуства ќе ги споделат со своите колеги и пријатели по враќањето во Македонија.

Од Граѓанската асоцијација МОСТ, реализатор на проектот, со помош на донаторите и спонзорите добија бесплатни Интер Реил билети за неограничено патување со воз, бесплатна шенген виза, осигурување ISIC и платежна картичка. За да може да бидат препознаени, облечени се во маички и капчиња со логото на проектот.


Соопштение за медиуми (PDF)

Фотогалерија

Известување

за студентите кои ќе патуваат

  1. Во недела, 15.07.2007 во 9.30 часот заминуваме за Виена. Автобусот ќе биде паркиран пред хотел Бристол на ул. Македонија во Скопје. За оние на кои не им беше јасно минатиот пат: точното време при закажување на средби служи за сечие добро. Но, овој пат, нема да можеме да чекаме на вас и автобусот ќе замине за Виена на време. Значи, без каснење!!!!

  2. Како што неколку пати ве изненадивме и го променивме планот (Берлин - Виена, 15 јули - 16 јули), така и овој пат ви подготвивме едно изненадување. Имено, нема да треба да присуствуваме на приемот организиран од страна на австриското министерство за надворешни. Ама затоа, правиме напори да бидеме примени од македонската амбасадорка во Виена... Чисто да имаме што да правиме на 16ти :)) Во Белград се ќе биде според планот. Ќе присуствуваме на испраќањето на српските и црногорските студенти пред републичкото собрание на кое ќе биде присутен и претседателот Тадиќ.

  3. Ќе спиеме во хотел Академиа во Виена. Можете да го googl-ате ако сакате. Да најдете како да стигнете до центарот на градот и слично... Бидејќи се работи за хотел од ниска категорија, би ви препорачал да си земете пешкири и папучи (претпоставувам на ова помисливте кога размислувавте што да понесете за спиење во хостели).

Студентите ќе патуваат во Европа

Студентите кои ќе бидат дел од тимот кој еден месец ќе патува низ Европа денеска ги подигнаа своите визи. За помалку од една седмица тие ќе го започнат своето патување, запознавајќи ги земјите и нивните демократски вредности, народите и културите. Студентите се избрани на јавен конкурс, селектирани според просечната оценка во текот на студирањето.
Соопштение за медиуми...

 
Лого
 
On Net
Имплементирано од Граѓанска Асоцијација МОСТ
Дома Дома